Продолжува руската офанзива на Киев

Од:

Руската офанзива на Киев продолжува рано утрово соопшти украинската војска. Северно од Киев, руската војска се обидела да игради понтонски мост за премин преку реката Ирпин, ојави главната команда на украинската војска на Фејсбук. Исто така спред украински извори, Русите имале неуспешен обид за освојвање на градот Ирпин кој не наоѓа недалеку од Киев.

Руската новнска агенција Интерфакс информира дека руските трупи напредувале од јужниот украинска град Херсон кон Микплајив.

Во меѓувреме, украинските власти на Телеграф објавија дека руски проектил погодил стамбена зграда во Чернихив во близина на границата со Белорусија. Засега нема детали за овој слуучај.

Украинската војска соопшти дека рскиот загуби во досегашниот период се околу 4.500 мртви војници, а дека руски хеликоптери и тенкови и друга воена опрема се уништени. Русија призна дека има мртви војници во текот на борбите, но не соопшти број.

Украинското министерство за внатрешни работи објави нов извештај за жртви и пворедени. Според извештајот, во руската инвазија досега се убиени 352 цивили меѓу кои 14 деца. Министерството јави дека се повредени 1.684 лица, 116 од нив деца.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород