Продолжува израелската копнена офанзива во Газа

Од:

Израелската армија денеска ја продолжи копнената офанзива во Појасот Газа со серија воздушни напади врз лансирните ракетни системи на Хамас и со уништување на над 10 тунели ископани под граничната линија меѓу Израел и оваа палестинска територија.

Според последните податоци, од ескалацијата на судирите меѓу Израел и Палестинците од Појасот Газа, кој е под контрола на исламистичкото движење Хамас, на 8 јули, па досега, загинале вкупно 325 Палестинци и тројца Израелци. Само во последниве два дена, од почетокот на копнената офанзива во Газа, убиени се 75 Палестинци и еден израелски војник.

Израел ја започна копнената офанзива во четвртокот вечерта по десетдневни воздушни напади врз цели на Хамас, кои не доведоа до прекин на истрелувањето проектили врз израелска територија од Појасот Газа.

Израелската армија соопшти дека во текот на првите 24 часа од операцијата, нејзините војници воглавно дејствувале во пограничните региони меѓу Израел и Појасот Газа, каде биле откриени 13 подземни тунели, од кои некои долги и до 30 метри, кои биле користени за извршување напади.

Според податоците на армијата, во последниве 12 дена израелските сили погодиле околу 2.350 цели во Газа, меѓу кои и 1.100 лансирни рампи и му нанеле сериозни штети на воениот арсенал на Хамас. Во истиот период Палестинците истрелале над 1.600 ракети врз израелска територија.

-Удривме силно на двете главни стратешки цели на Хамас – ракетите и тунелите, изјави портпаролот на израелската армија Петер Лернер.

Претставникот на службата за брза помош во Газа, Аштрaф ал Кидра информира дека во израелските напади во текот на минатата ноќ и претпладнево загинале над 20 лица, меѓу кои најмалку 15 биле цивили.

Тензиите меѓу Израел и Палестинците ескалиира во текот на јуни по киднапирањето на тројца израелски тинјџери, за што израелските власти го обвинија Хамас. Ова исламистичко движење, од своја страна, ниту ја потврди, ниту ја негираше својата поврзаност со киднапирањето.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски