Продолжува да паѓа популарноста на Франсоа Оланд

Од:

Популарноста на францускиот претседател Франсоа Оланд продолжува и понатаму да паѓа, и според истражувањето на барометарот Ифоп за неделникот „Журна ди Диманш“ за само еден месец изгуби 4 поени на популарноста, паѓајќи на рекордните 13 отсто, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Вкупно 86 проценти од испитаните Французи изјавиле дека се незадоволни од претседателот на Републиката, што претставува 5 поени повеќе незадоволни во споредба со претходниот месец, додека еден отсто не се изјаснува.

Што се однесува до премиерот Мануел Валс, 61 отсто од испитаните велат дека не се задоволни од неговата работа (два поени повеќе во споредба со претходниот месец) и 4 проценти не се изјаснуваат.

Меѓу симпатизерите на левицата, само тие на Социјалстичката партија изразуваат задоволство од работата на Франсоа Оланд (42%) и за Мануел Валс (63%).

Во услови на голема непопуларност на претседателот Франсоа Оланд, на политичката сцена се враќа неговиот претходник и ривал Никола Саркози, кој веќе ги разгори страстите, како кај левицата, така и десницата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци