Приврзаници на Исламска држава (ИД) раниле муслиман шиит по неговото излегување од џамија во југозападниот дел на Сиднеј, јави денеска руската телевизија „Раша тудеј“.
Ирачкиот шиит, кој го води Исламскиот молитвен центар во Сиднеј, бил погоден од огнено оружје и се здобил со површински рани по лицето и рамото заради што во сиднејската градска болница врз него ќе се изведе хируршка интервенција, наведе неименуван сведок на инцидентот.
Според истиот извор, напаѓачите, пред пукањето, им упатиле серија навреди на насобраните шиити во близина на муслиманскиот молитвен центар.
-Не нарекуваа „шиитски кучиња“ и ни се заканија дека ќе се вратат до вечер и дека ќе не убијат, наведе сведокот за локалното АБЦ Радио.
Пред нападот со огненото оружје,напаѓачите извикувале „ИД ќе живее вечно“, наведе сведокот, додека други луѓе ги потврдија неговите зборови и додадоа дека ја слушнале групата како вика „доаѓа ИД“ и „ИД ќе остане“, наведува „ Раша тудеј“.