Приврзаници на ИД ликвидираа најмалку 30 цивили во Авганистан

Од:

Авганистански талибанци поврзани со групата Исламска држава (ИД) синоќа убија најмалку 30 цивили, вклучувајќи и деца, кои претходно ги киднапирале во централната провинција Гор, соопшти денеска провинцискиот гувернер Нариз Хазе.

Тој нагласи дека убиствата биле извршени како одмазда за смртта на еден локален командант на ИД.

– Авганистанските сили за безбедност, со помош на локалното население вчера спроведоа операција за време на која беше убиен командат на ИД, наречен Фарук. Како одмазда на убиството џихадистите, киднапираа триесетина селани, од кои повеќето овчари. Нивните тела изрешетани од куршуми беа пронајдени изутринава од локални жители, изјави Хазе.

Друг претставник на властите во провинцијата изјави дека извршителите на злосторството се членови на отцепена талибанска група, која минатата година се заколнала на лојалност на огранокот на ИД во Авганистан.

Владините сили во меѓувреме ликвидирале најмалку 45 борци, вклучувајќи 19 терористи од ИД во источната провинција Нангархар.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан