Притворени 31 лице поврзани со кражбата на дијаманти на аеродромот во Брисел

Од:

Белгиското Обвинителство соопшти денеска дека во три земји се притворени 31 лице, поврзани со спектакуларната кражба на дијаманти, вредни 50 милиони долари на бриселскиот аеродром Завентем, пред три месеци.

Обвинителот Анја Бијненс изјави дека едно лице е притворено во Франција, шест во Швајцарија и 24 во Белгија и оти сите тие се поврзани со кражбата, која Светскиот центар за дијаманти во Антверпен, тогаш ја означи како една од најголемите досега.

Кражбата ја извршија осум мажи преправени како полицајци, кои пред самото полетување на авионот упаднале со возила на пистата и од делот, каде е сместен товарот ги земале дијамантите.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски