Припадниците на ИД во Ирак и Сирија користат српска муниција

Од:

По Кина и поранешниот СССР, САД и Русија, Cрбија се наоѓа на петтото место од 21 земја чија муниција ја користат припадниците на групата Исламска држава во Сирија и Ирак, се наведува во извештајот на исражувачката група „Конфликт Арамент Рисрч“.

Инаку, како што јави Танјуг, српската муницијата што ја користи ИД, е произведена во периодот од 1945, па се до 2014 година, иако најголемиот дел потекнува од периодот од 1970 до 2000 година.

Од повеќе 1.730 типови на муниција што ја користат припадниците на ИД, 142 се српски, 445 кинески, 338 советски, 323 американски, но не заостанува ни Русија од потекнуваат 154, се додава во извештајот.

Кога би се земала предвид, муницијата што ја користи ИД произведена од 2010 година, па досега, Србија е на четвртото место по Бугарија, Кина и Турција, стои во споменатиот извештај.

Српската муниција што ја користи ИД, потекнува од фабриката „Први партизан“ од Ужице, која е снабдувач со оружје и на српската војсака и полиција, како и на многу армии ширум светот. Фабриката „Први партизан“ воедно произведува и ловечки пушки и спортска муниција, која се продава ширум светот, истакнува во својот извештај „Конфликт Армамент Рисрч“.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари