„Принудниот шведски јазик“ – прашање за Парламентот во Финска

Од:

Граѓанската иницијатива чија цел е исклучување на задолжителните часови по шведски во училиштата во Финска за учениците чиј мајчин јазик е фински, доби толку голема поддршка така што прашањето ќе биде покренато во финскиот Парламент.


Зад собраните списоци со имиња и потписи на граѓани стои финското здружение „Вапа киеливалинта  (Слободен јазичен избор)“ со поодршка што активно ја добива од десничарско-популистичката парија Вистински Финци, јави дописникот на МИА од Гетеборг.


Засега се уште не е сигурно дали барањето за исклучување на „принудниот шведски јазик“ од наставата ќе може да добие мнозинство пратенички гласови во финскиот Парламент.


Потпретседателката на пратеничката група на финската Конзеравативна партија, Ленита Тоивка, вели за Финското радио дека Парламентот е поделен во однос на ова прашање.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател