Принцот Хари им се заблагодари на британската здравствена служба и на волонтерите и кажа дека е исклучително горд на одговорот на британската јавност на епидемијата, пренесува Скај њуз.
Војводата од Сасекс во интервју за повеќе медиуми ги пофали 750 илјади волонтери кои и помагаат на Националната здравствена служба и кажа дека е „толку прекрасно британски“ што толку многу луѓе ја нудат својата помош кога е таа потребна.
Хари, исто така, го пофали капетанот Том Мур, ветеран од Втората светска војна, кој на 99 години собра повеќе од 25 милиони фунти за британската Национална здравствена служба, правејќи сто круга околу својата градина.
Хари, кој во моментов живее во Лос Анџелес, кажа дека се надева оти волонтерските напори ќе продолжат и откако епидемијата ќе заврши.