Примирјето ја издржа ноќта, Палестинците објавија дека има над 40 жртви

Од:

Примирјето меѓу палестинскиот исламски џихад и Израел ја издржа ноќта, прва што помина мирно по три дена реакетни напади.

Во обид да се стави крај на тридневниот вооружен конфликт меѓу Израел и Палестинскиот исламски џихад (ПИЈ) во Појасот Газа, во кој беа убиени десетици Палестинци, синоќа во 23:30 часот по локално време стапи на сила прекинот на огнот. .

На почетокот не беше јасно дали тоа значи дека прекинот на огнот е прекршен и дека борбите ќе продолжат, имајќи предвид дека претходните израелски операции во Појасот Газа на сличен начин завршија со прекини на огнот, во кои имаше извесна размена на оган и по договорот стапи во сила.

Израелските воени сили не ризикуваа и најавија дека и покрај прекинот на огнот, до утрото ги ограничуваат собирањата и активностите на јавни места и во областите од кои се истрелани ракетите.

Медиумите објавија дека прекинот на огнот, со посредство на Египет, вклучува и ветување на Египќаните да се вклучат во ослободувањето на неколку истакнати членови на ПИЈ кои се во израелски притвор.

Тридневниот вооружен конфликт во Појасот Газа беше најжестокиот израелско-палестински судир од минатогодишната 11-дневна војна меѓу палестинскиот Хамас и Израел и ги наруши животите на стотици илјади Палестинци, дополнително придонесувајќи за уништувањето и сиромаштијата во Газанпренесува АП.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во израелските напади се искачи на 41, а меѓу жртвите има 15 деца и четири жени, јави претходно Анадолија.

Во истото соопштение беше наведено дека бројот на повредени се искачи на 311, но не се дадени детални информации за тежината на повредите.

Владејачкиот Хамас во Газа остана настрана, веројатно стравувајќи од израелски репресалии и поништување на економските договори со Израел, вклучително и издавање на израелски работни дозволи за илјадници жители на Газа.

Израел во петокот ја започна операцијата насочена кон палестинската радикална група Исламски џихад во Газа, а во неделата беше објавено дека операцијата ја постигнала целта.

Би можело да ве интересира

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Израел ја нападна Газа, најмалку 25 загинати и повредени

Хамас тврди дека за време на војната во Газа биле убиени 33 заложници

Хезболах нападна израелска база во јужен Либан