Тим од професионални психолози го избраа Мухамед Емваци и од обичен борец на ИСИС од него го создадоа Џихад Џон, најозлогласен џихадист, тврди Абу Ајман, дезертер од оваа терористичка организација. Овој поранешен борец на Исламска држава, вели дека Емваци го запознал пред околу две години, кога дошол во Сирија.
-Емваци не е ништо специјално. Тој е студен осамен чудак и секој може да стане како него. ИСИС има психолози кои ги избираат борците и знаат на кој начин да ги направат славни. Тоа го направија со Емваци. Сега многумина го сакаат, а некои се приклучија во ИСИС токму порди него. Тој е погодна личност за привлекување муслимани од Европа – вели Ајман.
Џихад Џон,кој има кувајтско и британско државјанство и кој од западен Лондон заминал во Сирија, за разлика од другите Британци, кои што се во редовите на ИСИС, сака да се појавува на видео снимките.
-Се сретнавме кога бевме обични борци во Сирија, во градот Атмех, каде претежно имаше Британци. Тој беше чуден, се повлекуваше во бегалскиот камп на ридот, додека другите борци бараа комфорно сместување. Ние британските борци секогаш бевме заедно, но тој не ни се приклучуваше. Беше студен, не зборуваше и не сакаше да ни се придружи во молитвите. Кога ќе го сретневме на патот и ќе го поздравевме, тој само ја вртеше главата- раскажува поранешниот борец на ИСИС за „ВВС“.
Според неговите зборови сега ИСИС посветува големо внимание на неговата безбедност и местото на неговиот престој се држи во тајност.
-Тој за нив е пропагандно средство, кое ги охрабрува другите незадоволни момчиња во Европа, да дојдат во Сирија и да станат како него – вели Ајман и додава дека сам ја напуштил организациајта кога му било наредено да убива жени и деца.
Е. Г.