Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто

Од:

Приходите на терористичката група Исламска држава од продажба на нафта се намалиле за 90 проценти во последните две години, јави Ју Ес Еј тудеј.

Според извори од коалицијата предводена од САД, која се бори против ИД, групата сега заработува помалку од четири милиони долари месечно од продажба на нафта во споредба со 50 милиони долари кои ги добивала претходно.

Меѓу причините за намалување на приходите се значителното намалување на територијата контролирана од џихадистите и воздушните напади врз инфраструктурни објекти поврзани со добивање и преработка на нафта, како и напади врз цистерни.

Од 2015 година, кога коалицијата почна да нанесува воздушни удари, уништени се над 2.500 цистерни и повеќе фирми за преработка на нафта.

Со профитот од продажба на нафта се обезбедуваа речиси половина од сите трошоци на ИД. Другата половина главно доаѓа од грабежи на банки и собирање даноци од населението на заземените територии. Според некои проценки, екстремистите од банки украле околу 500 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска