Пригожин не застанува со критики: „Факции во Кремљ ја уништуваат руската држава“

Од:

Основачот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека различни фракции во Кремљ ја уништуваат земјата обидувајќи се да посеат семе на раздор меѓу него и чеченските борци.

„Опасните игри станаа секојдневие во кулите на Кремљ. Тие едноставно ја уништуваат руската држава“, рече Пригожин, пренесе Ројтерс.

Тој не прецизираше за кои фракции на Кремљ се мисли, но рече дека ќе продолжат со обидите за ширење раздор и дека ќе мора да платат за тоа.

Пригожин рече дека е решен конфликтот меѓу него и Чеченците, кои исто така се борат во Украина заедно со руската армија.

Тој истакна дека секоја битка меѓу специјалните сили „Ахмат“ на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и „Вагнер“ ќе резултира со сериозно крвопролевање, но дека нема сомнеж кој ќе победи.

Основачот на Вагнер повторно изрази жалење за моменталната ситуација на теренот и укажа на вината на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

„Министерството за одбрана не е во состојба да направи ништо бидејќи де факто не постои. Во хаос е“, рече Пригожин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати