Прифаќањето мигранти Италија ќе ја чини 1,1 милијарди евра во 2015 година

Од:

Прифаќањето мигранти Италија годинава ќе ја чини 1,16 милијарди евра, се наведува во извештајот на Министерството за внатрешни работи, пренесува ТАСС.

Огромен дел од таа сума, близу една милијарда евра, се за поддржување на структурите за времено прифаќање на бегалците. Во моментов во приемните центри се наоѓаат повеќе од 99.000 лица.

Во извештајот уште се наведува дека во однос на минатата година приливот на мигранти пристигнати по морски пат се намалил за 7,4 отсто. Во периодот од јануари до октомври 2015 година на италијанските брегови пристигнале 136.432 бегалци. Најголемиот дел од нив се од Еритреја, а минатата година најмногу биле од Сирија.

Во 2015 година, за 31 процент се зголемени барањата за добивање азил.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага