Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта, Унгарија организираше прием по повод 22 години од прогласувањето на независноста на државата.
На приемот во хотелот „Интерконтинентал“ присуствувалеа околу 200 лица, високи претставници на унгарските власти, амбасадори акредитирани во Унгарија, бизнисмени, како и од Македонската заедница во Унгарија.
Македонскиот амбасадор во Унгарија, Дарко Ангелов во обраќањето пред присутните истакнал дека со приемот се одбележува не само 22 годишнина од прогласувањето на независноста на Македонија, туку и останатите неколку државни празници кои се случуваат еден месец пред и по 8 септември: 2 август, Илинден со прогласувањето на Крушевската република, 11 октомври како почеток на револуцијата за создавање на современата Македонска држава, основана на заседанието на АСНОМ и 23. октомври денот на основањето на ВМРО, како најорганизирана форма во борбата за ослободување на Македонија во тој период.
Како што соопшти македонската Амбасада во Будимпешта, Амбасадорот Ангелов потенцирал дека консолидирањето и афирмацијата на независноста на Република Македонија ќе беше уште потешка доколку не беше поддршката на пријателските држави како Унгарија, со која во изминатиот период Македонија има значително интензивирање и продлабочување на билатералните односи, при што моменталниот фокус е на зајакнување на недоволната економска соработка.