Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани истакнати поединци од дијаспората, кои имаат интерес да се пријават за да бидат дел од проектот МКарта преку кој ќе користат различни бенифиции при доаѓањето во Македонија.

Министерството кое го предводи Бујар Османи на истакнатите поединци со потекло од Македонија за да добијат Мкарта бара од нив да се пријават со кратка биографија и да напишат мотивациско писмо зошто сакаат да добијат таква карта со која ќе користат привилегии како што се бесплатен влез во музеите и брза лента на аеродромите во Скопје и Охрид.

„Заинтересираните да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта diasporad[email protected] со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.

Да потсетиме, проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Северна Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка“, стои во објавата на МНР.

Мкартата за успешните македонски граѓани од дијаспората, која засега ја имаат 69 истакнати поединци, за Османи е почит кон нив и нивните дела.

Меѓу носителите има научници, лекари, бизнисмени, културни работници, политичари и инженери. На листата се оперскиот пејач Благој Нацоски, кошаркарскиот тренер Заре Марковски, д-р Иво Бошковски од клиниката во Рим, д-р Димитар Ефремов научник од областа на хематологијата и ендрокринологот Горан Петровски од Катар.

Но, на списокот има и контроверзни личности за кои јавноста нема позитивно мислење како што е името на бизнисменот Ристо Гуштеров кој како дел од раководниот кадар во државната „Технометал“ стекна големо богатство во периодот на транзицијата. На изборите во 2011 година се обиде да стане пратеник преку партијата Достоинство.

МКартата им следува само на истакнати личности или поединци од дијаспората кои дале посебен придонес за подобрување на односите на Македонија со државата во која престојуваат, на меѓународниот углед на државата или се признати професионалци во струката. Истата е ограничена со рок на траење од четири години.

Досега, во соработка со Министерството за култура и Министерството за внатрешни работи, договорени се две поволности – забрзан влез во државата и бесплатен влез во културни установи.

Би можело да ве интересира

Османи: Го осудувам убиството на полицаецот на Косово, моето срце е со неговото семејство

А1он

Османи демантира дека се сретнал со Груевски во Будимпешта

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Фудбалерите на Лас Палмас се изгубија на аеродром и доцнеа на летот за Севиља

Горан Наумовски

Османи: Многу бргу ќе има поширока поддршка за уставните измени,парламентарните изборите ќе бидат во редовниот термин

МНР ја испрати документацијата за реконструкцијата на „Борис Трајковски“ до Аникорупциска и до Обвинителството за гонење организиран криминал