При уривање на кран во Кина загинаа 18 лица

Од:

Во јужниот дел на Кина денеска загинаа 18 лица откако се урна кран на едно градилиште како последица од силниот ветер.

Уште 18 луѓе, од кои четворица во критична состојба, итно се префрлени во болница по несреќата во градот Донгуан, во кинеската провинција Гуангдонг.

Се проценува дека тежината на урнатиот кран изнесувала 80 тони.

– Кранот се урнал врз времен двоспратен објект за време на грмотевица и ветер со брзина од 100 километри на час, изјави заменик генералниот секретар на градските власти,

Во објектот во моментот на несреќата се наоѓале 139 работници. 

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина