При израелски воздушни напади загинале 22 лица во Газа

Од:

Дваесет и двајца Палестинци загинаа денеска при израелски воздушни напади во Појасот Газа.

Со ова бројот на убиените од вторникот достигнал 127 лица.

Најсмртоносниот напад бил извршен во квартот Шеик Радван, во западниот дел на градот Газа, каде шестмина Палестинци загинале пред нивните домови.

Други тројца Палестинци се убиени при напад во северниот дел на Појасот Газа.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска предупреди дека ескалирањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа би можело да однесе уште „невини животи“.

Оваа изјава Сиси ја даде денеска по неговата средба во Каиро со специјалниот пратеник на Четворката за мир на Блискиот исток (ОН, САД, ЕУ и Русија), поранешниот британски премиер Тони Блер.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно