Преживеаниот карикатурист од „Шарли ебдо“ го напушта неделникот

Од:

Еден од неколкуте карикатуристите што го преживеаја нападот на исламистите врз француското списание „Шарли ебдо“, го напушта весникот со образложение дека не може да го издржи притисокот.

Реналд Лузиер, познат како Луз, ја објави својата одлука во интервју за дневниот „Либерацион“, кој му помогна на „Шарли ебдо“ повторно да се обајвува по нападот во кој загинаа најголем дел од неговите колеги карикатуристи.

– Секоја нова верзија беше тортурата затоа што другите ги нема – рече Луз, кој ја нацрта првата насловна страница по нападот. Сепак, тој неодамна соопшти дека веќе нема да црта карикатури на Мухамед бидејќи му се смачило.

Луз рече дека притисокот на работа по нападот и медиумскиот притисок се клучните причини за одлуката да си замине.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци