Претставникот на ЕУ во Израел ја осуди експропријацијата на земја

Од:

Највисокиот европски дипломат во Израел апелираше денеска на државата да се откаже од одлуката за експропријација на 400 хектари земја на Зпаадниот Брег иако ЕУ не разгледува санкции против Израел поради тоа.

Амбасадорот на ЕУ во Израел, Ларс Фаборг Андерсен тоа го изјави две недели откако израелските власти најавија таков потег.

Експропријацијата предизвика критики од САД и палестинските официјални лица кои на тоа гледаат како на уништување на изгледите за мирно решение на изралеско-палестинскиот судир.

Фаборг-Андерсен рече дека експропријацијата „е еден од најлошите сигнали кои може да се испратат во моментната ситуација“.

Меѓуоа, тој додаде дека и ако Израел донесе таква одлука, антиизраелски санкции не се на дневен ред.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија