Претседателски избори во Украина

Од:

Украинците излегоа на гласање, во кое комичар без политичко искуство може да победи уште во првиот круг.

Володимир Зеленскиј (41) води во анкетите пред сегашниот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Тој е атрактивен за гласачите кои се заситени од вкоренетата корупција во земјата, која е во центарот на спорот меѓу Русија и Запад по улични протести во 2014 година во која тој беше фрлен про-рускиот претседател , по што Русија го зазеде Крим.

Украина во последните две децении доживеа две прозападни револуции кои ги донесе на власт Тимошенко во 2005 и Порошенко во 2014 година.

Во серијата пресврти на украинската политичка сцена, Зеленскиј , комичар кој треба да се сфати сериозно, може да ги победи и Тимошенко и Порошенко.

“Го поддржуваат гласачите кои се незадоволни од Порошенко, оние кои ја изгубиле довербата во традиционалните политички лидери и сакаат суштински промени во украинскиот систем на управување”, рече аналитичарот Володимир Фесенко.

Според најновите анкети , Зеленскиј има поддршка од 27 отсто од гласачите, а Порошенко и Тимошенко по 16 проценти.

Вториот круг од изборите треба да се одржат на 21 април.

Зеленски во серијата “Слуга на народите” глуми наставник по историја кој станува познат кога видеото во кое го навредува државно раководство се шири на Интернет. Тој потоа одлучи да се кандидира за претседател и изненадувачки победи.

Реалноста изгледа речиси како копија од серијата. Зеленски ја објавил својата кандидатура на украинската телевизија “1 + 1”, непосредно пред полноќ, кога гледачите очекуваа традиционална порака од претседателот Порошенко.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид