Претседателската трка во Индонезија се уште актуелна

Од:

Три недели од како Изборната комисија го прогласи Јоко Видодо за нов претседател на Индонезија, поради тужбата до Уставниот суд за „лажирани избори“ што ја поднесе кандидатот што ги загуби изборите Прабово Субианто, претседателските избори во Индонезија се се уште во центарот на вниманието во оваа 250 милионска држава.

Прабово Субианто, кој освои шест отсто помалку гласови од Видодо, со тим од над 2.000 адвокати, пред Уставниот суд се обидува да докаже дека во над 5.000 изборни единици имало неправилности во гласањето и броењто, како и масовно купување на гласови од страна на тимот на неговиот противкандидат.

Меѓутоа, педесетмината сведоци што ги испитаа уставните судии немале никаков конкретен доказ за лажирање на изборите, а често ги лутеле и судиите на кои им говореле дека имаат сознанија од пријатели, од медиуми и од нивната партија.

Денешните весници во Џакарта на насловните страници ја објавуваат веста според која претседателот на Централната изборна комисија побарал полицијата да го уапси шефот на џакартанскиот оддел на партијата на Прабово, Гериндра, кој за корупција е осуден на 18 месеци затвор.

Локалниот шеф на Гериндра се заканувал дека „ќе направи се, ако треба и тој лично“ да го стави претседателот на изборната комисија зад решетки.

Посерозната политичка јавност во Индонезија смета дека со поднесувањето на тужбата до Уставниот суд и непризнавањето на резултатите од изборите на 9 јули, Субианто сам си става крај на политичката кариера.

Во најновата анкета на највлијателната индонезиска агенција за испитување на јавното мислење, ако би се повториле изборите Видодо би победил поубедливо, со 57 отсто гласови, а Субианто, кој освои 45,6 проценти од гласовите на изборите од 9 јули, во новото изјаснување би имал поддршка од 30,39 отсто. Преостанатите 12,5 посто одбиле да се изјаснат за еден од нив.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски