Претседателот на украинскиот Парламент поднесе оставка

Од:

Претседателот на украинскиот Парламент, Володимир Литвин денеска поднесе оставка. Врховната рада сега треба да одлучи дали ќе ја прифати неговата оставка.

Според украинските медиуми Литвин одлучил да се повлече од функцијата откако вчера Парламентот, спротивно на правилникот, изгласа закон со кој рускиот јазик добива статут на регионален јазик во 13 од вкупно 27 области во Украина.

Украинскиот и понатаму е единствен официјален јазик, но се прошируваат јазичните права на националните малцинства. Ако законот стапи во сила, рускиот ќе стане регионален јазик во 13 области.

Пред гласањето Литвин ја напушти салата, а процедурата беше раководена од неговиот прв заменик Адам Маринјук.

Литвин, лидер на центристичката Народна партија е претседател на Врховната рада од 2008 година, но тој и во периодот од 2002 до 2006 година ја имаше истата функција.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17