Претседателот на турскиот парламент повика на изработка на нов устав

Од:

Претседателот на турскиот парламент Чемил Чичек повика денеска политичките партии без одлагање да почнат изработка на нов деморкатски устав предупредувајќи дека неуспех во таа работа би нарушил углед на државата.

Политичките партии во парламентот во кој има 550 пратеници од 2011 година работат на замена на уставот чиј нацрт го направила воената управа по воениот удар во 1980 година.

– На Турција итно и треба нов устав. Напорите да се донесе нов устав не треба понатаму да се одлагаат, изјави Чичек.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предупреди дека доколку нема договор за тоа прашање, неговата владејачка Партија на правдата и развојот ќе напише нацрт на устав и ќе го даде на јавно гласање.

Чичек додаде дека новиот устав треба да биде донесен пред претстојните избори во државата. Локалните избори во Турција се во март 204 година, по неколку месеци следуваат изборите за претседател и парламентарните избори во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица