Претседателот на Перу предлага референдум за укинување на пратеничкиот имунитет

Од:

Претседателот на Перу, Мартин Вискара најави дека ќе распише референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за одземање на пратеничкиот имунитет.

Најавата на Вискара е пред престојните претседателски и парламентарни избори, што треба да се одржат во април 2021 година.

Тој наведе дека е неоходен референдум откако перуанскиот Конгрес одби да го укине пратеничкиот имунитет, иако сите кандидати ветија во предизборната кампања.

– Веднаш надвладеаја разногласијата, интересите и политичките пресметки. Поради тоа… објавувам дека ќе предложам реформа за укинување на пратеничкиот имунитет на референдум, така што перуанскиот народ ќе одлучи слободно и демократски преку гласање дали таква мерка ќе се применува или укине, посочи Вискара.

Конгресот, кој беше избран во јануари, досега не ги изгласа реформите против корупцијата и не го укине претаничкиот имунитет.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните