Претседателот на Мексико чека правна потврда за да му честита на Бајден

Од:

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека нема да му честита на победникот на претседателските избори на САД додека резултатот не биде правно потврден.

Тој истакна оти тоа е „политички разумна“ одлука, додавајќи оти е во добри односи и со Доналд Трамп и со Џо Бајден.

Мексикански претставници тврдат дека Обрадор се обидува да ги избегне тензиите со Трамп, чиј мандат истекува на 20 јануари, поради зачувување на мирот и добрососедските односи.

За време на мандатот на Трамп, Обрадор ја прифати неговата миграциска политика, а Вашингтон воглавно избегнуваше да ја критикува економската политика на Мексико.

Претседателот Трамп со почитување се однесуваше кон нас. И ние сме благодарни што не се мешаше, истакна Обрадор.

Мексико е најголем трговски партнер на САД и билатералните односи со северниот сосед се многу важни за земјата.

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико