Претседателот на Комитетот за правда при Сенатот во САД: Ќе провериме дали на изборите имало неправилности во гласањето

Од:

Претседателот на Комитетот за правда на Сенатот во САД, Линдзи Грам соопшти дека ќе ги испита сите веродостојни обвинувања околу нерегуларностите во гласањето откако ќе го прими сведочењето на очевидецот од Пенсилванија кој има информации за злоупотреба на службена положба од страна на службениците кои ги спроведувале гласовите преку пошта.

Грам излезе со став во јавноста дека гласањето во некои места било сомнително и дека е потребно да се отпочне правна постапка за изборни нерегуларности.

Претседателот на Комитетот за правда изјави и дека примил заклетва од вработен во пошта кој смета дека на поштенските марки од гласачките листови им било додавано ознака со датумот 3 ноември (денот на изборите) иако тие биле од 4 ноември, но и подоцна.

Врховниот суд во САД претходно одлучи дека на секое гласачко ливче датумот треба да биде 3 ноември за тоа да биде важечко.

„За да се обезбеди интегритетот на изборите во 2020 потребно е да се проверат сите релеватни наводи“, рече Грам.

„Секој Американец треба да посакува нашите изборни процеси да функционираат правилно, а со оглед на тоа што излезноста преку пошта беше голема, треба да има надзор врз сето тоа“, рече тој и додаде дека „резултатите од изборите не ги утврдуваат медиумите туку точното пребројување на гласовите“.

Оваа забелешка од Грам беше проследена и со изјава на Трамп, во која тој рече дека медиумите му помагаат на Бајден лажно да се претстави како победник.

Тимот на Трамп објави дека ќе поднесат тужба во Невада, но и во други сојузни држави за изборни нерегуларности, тврдејќи дека имаат докази дека нерезиденти гласале на изборите во САД.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска