Претседателот на Италија сведочеше на судење на мафијата

Од:

Претседател на Италија, Џорџо Наполитано денеска сведочеше три часа зад затворени врати во претседателската палата во склоп на судењето на државни службеници обвинети за тајни разговори со мафијата со цел да се спречат терористичките напади во 1990-тите, јавуваат италијанските медиуми.

Наполитано не е обвинет, туку беше поканет да даде исказ како сведок.

Судии од Палермо пристигнаа во палатата Квиринале во Рим за да го испитаат Наполитано за контактите на неговиот некогашен соработник, покојниот Лорис D’Амбрози со поранешниот министер за внатрешни работи Никола Манчини кој е главниот осомничен.

Од кабинетот на претседателот соопштено е дека 89-годишниот Наполитано одговорил на сите прашања. Некои од прашањата му биле поставени од адвокатот на некогаш најозлогласениот италијански мафијашки бос Салваторе “Тото” Рино.

Во соопштението се вели дека кабинетот на Наполитано се надева дека судот ќе го објави стенограмот од денешното сослушување за да се покаже на јавноста дека претседателот покажал „максимална транспарентност и смиреност” за време на испрашувањето.

Обвинителите побараа сведоштво од Наполитано во врска со судењето на поранешниот министер за внатрешни работи Николас Манчини обвинет дека лажел кога тврдел дека немало преговори помеѓу државата и мафијата по бомбашките напади во1993, во Рим, Фиренца и Милано.

Обвинителите тврдат дека владините претставници, по тие бомбашки напади, се обидувале да постигнат договор со мафијашките босови ветувајќи им поблага казна во замена за прекин на нападите.

Наполитано, во тоа време претседател на Долниот дом на италијанскиот парламент, изјави пред сослушувањето дека нема ништо корисно што може да каже на судот, но сепак на крајот се согласи да сведочи.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага