Првпат по стапувањето на должност, во октомври минатата година, претседателот на Индонезија Јоко Видодо јавно е соочен со можност за импичмент. Проверката на кредибилитетот на Видодо како можност и закана ја соопшти денеска Риеке Паталока, претседател на парламентарната комисија задолжена за испитување на голем корупциски скандал во државната агенција за пристаништа „Пелиндо“.
Риеке, во писмена изјава, побара претседателот Видодо да ги смени минисерката задолжена за државните компании Рини Сумарно и директороѕ на Пелиндо Ричард Лино, поради индикации за нивна мешаност во корупциски скандал.
Предупредувањето за претседателот Видодо доаѓа од пратеник од неговата Демократска Партија на Борбата (ПДС). На неа реагираше потпретседателот на Индонезија Јусуф Кала, кој изјави дека барањето за смена на министерката Сумарно е исклучиво политички мотивирана. Ставот на Кала, според аналитичарите, ќе предизвика бура во односите на ПДС.