Претседателот на Индонезија е против намалување на казните за корупција

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска повторно изјави дека нема намера да одобри поблага казнена политика за лицата фатени во корупциски скандали. За да потпише декрет за намалување на високите затворски казни за веќе осудените, Видодо побара доказ дека веќе осудените соработувале за да се откријат нови случаи на корупција и на државата да и ги вратат нелегално заработените пари.

Поради корупција во последниве две години во Индонезија на високи затворски казни се осудени и четворица министри, десетина високи воени и полициски функционери и неколку тајкуни. Тоа се лица фатени во корупциски афери во кои биле проневерувани над милион долари.

За откривање на ваквите случаи и поднесување обвиненија овластувања има влијателната антикорупциската Комисија. Ова тело во јануари предизвика и политичка криза во државата, одбивајќи да даде дозвола кандидатот за нов шеф на индонезиската полиција Буди Гунаван да ја добие функцијата. За него антикорупционерите тврдеа дека е осомничен за примање поткуп.

По речиси двомесечни обострани обвинувања меѓу антикорупционерите и полицијата, претседателот Видодо ја повлече кандидатурата на Гунаван, но жртви беа и претседателот и заменикот на Комисијата за борба против корупцијата.
Уште од времето на Сухарто Индонезија во светот беше позната како држава во која корупцијата е секојдневие и начин на живеење во оваа 250 милионска држава. Борбата против корупцијата и првите пресуди започнаа во 2.012 година, но ова зло поради кое државата до сега регистрирала штети од над 150 милијарди долари, тешко се искоренува.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници