Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Од:

Претседателот на Гватемала, Алехандро Џиаматеи, денеска воведе вонредна состојба во покраината Изабал, по двонеделните протести против рудниците за никел и судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Група демонстранти пред две недели блокираа улица во градот Ел Естор во знак на протест против рудниците во Феникс, а ситуацијата ескалира во последните денови откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата која одговори со солзавец.

Народниот правобранител Џордан Родас Андраде на Твитер предупреди дека Уставниот суд на Гватемнала во 2019 година наредил компанијата „Пронико“, подружница на швајцарската „Solway Investment Group“, да го прекине со ископувањата на никел бидејќи не се консултирала со локалната заедница.

Во меѓувреме, претседателот Џиаматеи, сепак, одлучи да воведе вонредна состојба, наведувајќи ги како образложение „дејствијата што влијаат врз јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните во однос на насилството од поединци и вооружени групи против спроведување на законот и попречување на слободата на движење на населението“.

Вонредната состојба треба да трае 30 дена и ќе вклучува забрана за собири и полициски час, се наведува во декретот објавен во службен весник .

На потег е Конгресот, кој во рок од три дена треба да го „ратификува, измени или отфрли“ претседателскиот декрет.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Ана Ололовска