Претседателот на Гватемала Перес Молина во обраќање до нацијата најави дека нема да поднесе оставка поради корупцискиот сдкандал што ја потресува таа држава.
Обвинителството побара импичмент за Молина заради корупциски скандал кој веќе доведе до апсење на потпретседателката Роксана Балдети во врска со царински измами вредни милиони долари.
Молина во обраќањето негираше дека е дел од таа корупциска шема и оти неговата совест е чиста.
Досега, осуммина министри од Владата на Гватемала и претставник од Кабинетот на претседателот поднесоа оставки во знак на протест поради корупциски скандал. Оставки синоќа поднесоа министрите за земјоделие и за здравство. Во саботата стотици луѓе протестираа пред националниот дворец со барања за оставка од Молина.