Претседателот на германскиот Бундестаг ја критикува Австрија

Од:

Претседателот на германскиот Бундестаг, Норберт Ламерт ја критикува Австрија бидејќи секогаш го поддржувала курсот на мерките за штедење во ЕУ, а сега го отфрла.

Во интервју за виенскиот неделник „Профил“, Ламерт ги отфрли критиките на австрискиот канцелар Вернер Фајман упатени кон германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот курс на штедење.

– Како што се сите земји-членки вклучени во донесување на европските одлуки, Вие тежнеете кон тоа да се криете зад некого кога станува непријатно, остро возврати Ламерт.

Тој нагласи дека не му е познато оти австриската Влада предложила некоја друга политика.

Ламерт потсети дека мерките на ЕУ за Грција биле усвоени едногласно.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви