Претседателот на Финска му најавил на Путин дека ќе бара прием во НАТО

Од:

Финскиот претседател Саули Нинисто му се јавил на претседателот на Русија Владимир Путин за да разговараат за плановите на Финска да се приклучи на НАТО. Финска објави детали од разговорите.

Се вели дека Нинсито му рекол на Путин „дека неговата инвазија драстично ја промени безбедносната средина на Финска“. „Претседателот Нинисто објави дека Финска одлучила да бара членство во НАТО во следните неколку дена“, се додава.

„Разговорот беше директен и отворен и се водеше без заострување на комуникацијата. Избегнувањето тензии се сметаше за важно“, се вели во соопштението на Ниинисто.

По објавата на Финска дека планира да аплицира за членство во НАТО, Русија го прекина снамбувањето со електрична енергија и спроведе воени вежби во својата ексклава на Балтичкото Море во Калининград.

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО