Претседателот на Европскиот парламент, италијанскиот политичар Дaвид Сасоли, најави дека ќе оди во самоизолација откако негов соработник со кој бил во контакт, добил позитивен тест за Ковид-19.
„Добро сум и немам никакви симптоми”, објави Сасоли на Твитер.
„Во согласност со правилата, ќе бидам во самоизолација за потребниот период“, додаде тој.