Претседателот на Чешка, Милош Земан ниту за време на гласањето за избор на една третина од членовите на Горниот дом на Парламентот, Сенатот и на органите на локалната самоуправалокалните не пропушти да упати навреди кон новинарите.
Тој на новинарка од Чешкото радио и рече да ја затвори устата бидејќи со отворена не изгледа убаво.
Земан прашан од новинарката кој ќе именува во советот на Народна банка на Чешка, тој изјави дека „интелигентен новинар на Чешко радио би го дознал името“.
– И затворете ја устата, не изгледате убаво, додаде Земан.
Чешкиот претседател е во спор со јавниот телевизиски и радио сервис бидејќи пред неколку години пцуеше и користеше вулгарни зборови во програма во живо.
Земан е познат по тоа што ги навредува новинарите. Тој на денешното отворање на изложбата 100 години државност во Прага, по повод стогодишнината од настанувањето на Чешкословачка на новинарско прашање одговори дека веќе го смислил својот епитаф.
– Овде лежи човек кој успеал да ја разбесни секоја будала, истакна Земан на прашањето по што би сакал да остане запомнет во историјата на Чешка.