Претепан палестински новинар кој работи за иранската новинска агенција

Од:

Палестински репортер кој работи за иранската новинска агенција Тасним беше киднапиран и претепан од вооружени Палестинци откако претходно оваа недела објави за насилното растурање на студентските демонстрации на Западниот Брег.

Агенцијата наведува дека овие лица насилно и под закана со оружје го принудиле Самер Хуаир да влезе во автомобилот, го тепале и му се заканувале.

Тие рекоа дека неговото известување ѝ наштетило на палестинската управа и секуларното движење Фатах што доминираше во неа, и го ослободија околу половина час подоцна.

Хуаир идентификуваше Палестинец меѓу оние што го киднапираа и рече дека тој е член на палестинските безбедносни сили.

Здружението на палестински новинари го осуди нападот врз својот колега, а палестинските власти не дадоа коментар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“