Престрелка во Марсеј, две лица загинаа, тројца се повредени

Од:

Во престрелка во францускиот град Марсеј две лица загинаа, а тројца се повредени.

Престрелката се случила синоќа нешто пред 23 часот на паркинг на Мекдоналдс, јави БФМ Марсеј Прованс.

Веднаш била повикана полиција која на лице место открила возило во кое имало пет лица.

Возачот на возраст од 23 години бил пронајден мртов, како и еден од патниците. Во истото возило биле пронајдени уште три лица, кои биле повредени.

Еден од лицата бил погоден со куршум во градите и неговиот живот е во опасност.

Другите две лица се жена повредена во раката и маж повреден од фрагменти од куршум.

На местото на настанот се пронајдени 24 чаури калашников калибар 7,62.

Во близина е откриено запалено возило, несомнено кое го користел напаѓачот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција