Премиерот на Португалија објави дека пронашол начин за спас на Владата

Од:

Португалскиот премиер Педру Пасуш Коељо изјави вчера дека пронашол начин за спас на Владата по оставката на двајца клучни министри, јави ДПА.

– Пронајдена е формула за зачувување на стабилноста на Владата, изјави тој по средбата со претседателот Анибал Каваку Силва. Коељо во изминатите 24 часа се сретна три пати со Паулу Порташ, кој е лидер на најмалиот партнер во владејачката коалиција, Народната партија, со цел да биде надмината најсериозната политичка криза, откако Португалија го доби спасувачкиот заем во 2011 година.

Повлекувањето оваа недела на министерот за финансии Виктор Гашпар и за надворешни работи Паулу Порташ претставува закана Владата да го загуби мнозинството во Парламентот, во момент кога Португалија го преживува најтешкиот економскиот пад од ’70-те години на минатиот век.

Премиерот изјави дека одлуката не вклучува начин да се гарантира политичката поддршка на Народната партија на Владата. Според него оставката на Порташ е лична одлука.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски