Премиерот на Канада: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредок

Од:

Европа нема да се покори на побрутална иднина, туку може да стане основа од која ќе се обнови меѓународниот поредок, изјави денес канадскиот премиер Марк Карни.

Лидерот на Канада го изјави ова како прв неевропски лидер кој учествуваше на состанокот на Европската политичка заедница во Ерменија, објавува Гардијан.

Состанокот започна утрово во Ереван во време на високи тензии во Ормутскиот теснец и нови сомнежи за посветеноста на САД кон НАТО алијансата.

„Не мислиме дека сме предодредени да се покориме на свет управуван од обична трговија, која е самовљубена и брутална, а средби како оваа укажуваат на подобар пат напред“, рече Карни.

Канадскиот премиер отворено посочи дека ерата на американското лидерство завршува и ја објасни симболиката на учеството на Канада на европскиот политички собир.

„Мое цврсто лично верување е дека меѓународниот поредок ќе биде обновен, но ќе биде изграден од Европа“, рече Карни.

Тој додаде дека учесниците на состанокот не само што ја покажуваат силата на своите вредности во одбраната на поредокот заснован на правила, туку и самата вредност на нивната сила.

„Светот поминува низ пресвртница во неколку димензии. Некои ја користат интеграцијата како оружје, а правилата повеќе не ги ограничуваат хегемоните“, предупреди канадскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Google го послуша Трамп: езерото Отарио го преименува во Америка

Премиерот на Канада генијално му одговори на Трамп

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада, царините на Трамп го налутија Карни

Катерина Ѓуровски

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада

Иран има нова мета

Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 22.000 луѓе