Премиерот на Австралија го назначи првиот федерален министер Абориџин

Од:

Премиерот на Австралија, Малком Трнбул го објави денеска делумното реструктуирање на неговиот кабинет, при што првпат Абориџин е назначен за федерален министер.

Кен Вајат е назначен за министер за грижа за возрасни луѓе и за здравје на домородното население.

Министерот за индустрија, иновации и наука Грег Хант ја презема раководната позиција во Министерството за здравство и спорт, а неговите досегашни задолженија ги презема владиниот секретар Артур Синодинос.

Промените во Владата се предизвикани од неодамнешниот скандал со веќе поранешниот министер за здравство и спорт, Сузан Леј.

На почетокот на јануари таа беше обвинета за злоупотреба на службената должност. Утврдено беше дека во периодот 2015-2016 година таа патувала на државен трошок за лични потреби, во потрага по недвижен имот со цел да инвестира. По откривањето на скандалот Леј поднесе оставка.

Новите министри ќе положат заклетва во Канбера на почетокот на следната недела.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча