Премиерката на Шкотска ќе го претстави планот за нов референдум за независност

Од:

Премиерката на Шкотска Никола Старџен денеска ќе претстави план за нов референдум за независност од Велика Британија.

Планот, кој ќе го претстави пред парламентот во Единбург се однесува на „Брегзит и иднината на Шкотска.

Во соопштението од нејзината канцеларија не се соопштува дали таа ќе го одреди и датумот за нов референдум.

На референдумот во 2014 година, Шкотите гласаа против независност (55 отсто наспротив 45 отсто). Две години подоцна, на референдумот за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Шкотите беа цврсто за останување во Унијата.

Старџен, која ја предводи Шкотската национална партија, тврди дека Брегзит менува сè, затоа што Шкотска не би требало да излезе од ЕУ против волјата на своите граѓани.

Британската Влада, која треба да одобри одржување референдум за независност, вели дека сега не е право време за тоа.

Би можело да ве интересира

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ