Прекинати обидите за извлекување на трупот на авионот на „Ер Азија“

Од:

Индонезиската армија денеска ја прекина операцијата за извлекување од морето на трупот на авионот на „Ер Азија“, што на 28 декември се урна во Јаванското Море со 162 патници и членови на екипаж на летот од Сурабаја до Сингапур.

Тимот за извлекување на трупот од дното на океанот три дена се обидува да ја изврши операцијата со употреба на балон за подигнување, но без успех, јави Би-Би-Си.

Индонезиските власти досега сметаа дека во трупот на авионот се наоѓаат уште тела на жртви, но сега објавија дека извлекувањето на авионот повеќе не е приоритет, бидејќи внатре најверојатно повеќе нема тела.

Досега се пронајдени телата на само 70 од вкупно 162 жртви во авионската несреќа. Како причина за несреќата на авионот Ербас 320-200 се смета лошото невреме, а истражувачите ги анализираат податоците од црните кутии.

Директорот на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот Татанг Курнијади ја исклучи можноста за саботажа и изјави дека прелиминарниот извештај на несреќата треба да биде поднесен до Меѓународната организација за цивилна авијација идната недела, додека целосна анализа за леотот 8501 може да потрае до една година.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници