Преговорите меѓу Иран и „шесторката“ завршија без напредок

Од:

Новиот круг преговори меѓу Иран и „шесторката“ (петте постојани членки на СБ на ОН и Германија) за нуклеарната програма на Техеран заврши синоќа во Женева без да се постигне напредок, јави ТАСС.

Учесниците се договорија да ги продолжат консултациите во февруари, но засега нема точно определено место и време.

– Се уште е рано да се зборува дали има напредок, но можам да кажам дека се одржаа корисни средби во мултилатерален и билатерален формат, вклучително и со делегациите на Русија, Кина и САД, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арагчи по крајот на преговорите, кои траеја цел ден.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел