Преговорите меѓу Иран и МААЕ завршија без успех

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не успеа денеска да го убеди Иран да и дозволи да ја обнови истрагата на спорната нукеарна програма на Исламската република.

Заменик-генералниот директор на МААЕ Херман Најарц изјави дека денешните преговори биле интензивни, но на нив не е постигната согласност за структурален пристап, кој е насочен кон определување на можната воена цел на нуклеарната програма на Техеран.

Тој напомена дека дијалогот и напорите за завршување на процесот ќе продолжат. Најарц истакна дека не е одреден конкретен датум за следните разговори.

Иранскиот претставник Али Асгари Солтание изјави дека и двете страни понудиле предлози за време на интензивните технички разговори и оти целта е да се надминат несогласувањата во идните преговори.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел