Предвремени парламентарни избори во Шпанија

Од:

Речиси 37 милиони државјани на Шпанија со право на глас денеска ќе го избираат новиот состав на Парламентот. Граѓаните ќе гласаат за 350 членови на Парламентот и за 208 членови на Сенатот, тело кое ги претставува покраините, во кое од 2011 година доминира конзервативната Народна партија (ПП).

Избирачките места ќе бидат отворени од девет до 20 часот, а резултатите се очекуваат неколку часа подоцна.

Но, според анкетите, овие се најнеизвесни парламентарни избори во Шпанија во последните неколку децении. Дури една третина од потенцијалните гласачи се изјасниле дека се уште не одлучиле за кого ќе го дадат гласот.

Во зависност од резултатите експертите предвидуваат дека ќе се формира коалициска влада, што би била прва откако во Шпанија беше вратен демократскиот систем кон крајот на 70-тите години од минатиот век. Како и дека првпат од 1982 година во Парламентот ќе влезат ултрадесничарски пратеници.

Поради непридвидливоста на изборните резултати најверојатно ќе следат долги преговори за формирање на влада.

Според анкетите ниту една партија нема да освои доволно пратеници за сама да формира влада, а во трка се традиционалните партии на левиот и десниот центар – Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и Народна партија (ПП), левичарската Подемос, партијата на центарот Граѓани и десничарската Вокс.

Според анкетата објавена во „Ел Паис“ најголема поддршка имаат социјалистите на премиерот Педро Санчез, кои би можеле да добијат нешто помалку од 30 проценти од гласовите, со што ПСОЕ би можела да ја предводи коалициската влада.

Посебно непредвидлив е резултатот на десничарската Вокс, која на почетокот од годината оствари неочекуван историски висок резултат на регионалните избори во јужната покраина Андалузија. Вокс е против независноста на Каталонија и мигрантите, но себе си се смета за десница, а не крајна десница. Ако нејзини членови бидат избрани, ти е ќе бидат први десничари во Парламентот по речиси четири децении.

Резултатите од денешните парламентарни избори ќе влијаат и врз локалните и регионални избори што се закажани на 26 мај, кога се одржуваат и изборите за Европскиот Парламент.

Можни постизборни сценарија се формирање на коалиција на десните партии или пак распишување на нови избори, ако партиите не се договорат.

Второ сценарио е Санчез да остане премиер ако формира коалиција со Подемос. Но, анкетите покажуваат дека ќе им е потребна поддршка и од регионалните партии, пред се од оние од Каталонија, кои се приврзаници на независноста.

Трето сценарио би била коалиција помеѓу ПСОЕ и Граѓаните, но лидерот на партијата од центарот Алберт Ривера однапред ја отфрли можноста за коалиција со Санчез.

Речиси 40 години во Шпанија функционираше двопартискиот систем, кој почна да се урива во 2015 годна. Левиот и десниот центар, ПСОЕ и ПП константно се менуваа на власт, но најверојатно повеќе нема да можат самостојно да формираат влада.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски