Предупредување до Лукашенко: Ќе завршиш како Милошевиќ, Гадафи и Хусеин

Од:

Алексеј Пушков, кој што е претседател на Одборот за надворешна политика на руската Државна Дума, го предупреди белорускиот претседател Александар Лукашенко дека поради „детант“ со Америка, би можел да заврши како Милошевиќ, Гадафи или Садам Хусеин.

– Милошевиќ, Гадафи и Хусеин сите се обидуваа да бидат пријатели со САД. Нивните судбини се добро познати. Сега САД нудат нови односи на Лукашенко. Тоа е опасен експеримет- напиша Пушков на „Твитер“, по неодамнешната изјава на помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд дека дошло до мало подобрување на американско-белоруските односи.

Лукашенко во неделата се сретна со својот украински колега Петро Порошенко, при што двете држави ги опиша како соседи и роднини.

Тој исто така рече дека белоруските граѓани треба да престанат да се молат само за Русија и наложи владата да пронајде нови пазари за белоруската роба, по одлуката на Москва да го сопре увозот од Белорусија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов