Предлогот на папата за хомосексуалците доживеа неуспех во Синодот на Католичката црква

Од:

Предлогот на папата Франциско за пошироко прифаќање на хомосексуалците доживеа неуспех, откако не го доби потребното двотретинско мнозинство во Синодот на Католичката црква.

Во нацрт-извештајот папата повика на поголема отвореност кон хомосексуалците и разведените католици, кои повторно стапиле во брак.

Меѓутоа тие делови од нацртот не се одобрени и се отстранети од конечниот тект, додека Синодот ги усвои останатите делови од извештајот.

Двонеделниот состанок на кардиналите покажа дека постојат големи разлики во Католичката црква околу начинот за прилагодување на традиционалното црковно учење за човечката сексуалност и ставовите на 21 век.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ