Пред изборите во Шпанија

Од:

Гардијан – Лондон

Три дена по референдумот за Брегзит се одржуваат избори во Шпанија, чиј резултат може да биде уште попресуден за иднината на Европската унија. Радикалната лева партија Подемос според последните анкети е на второ место со 25,6 отсто поддршка. Тоа е посебно значајно бидејќи, за разлика од грчката, шпанската социјалистичка партија ПСОЕ не доживеа целосен колапс, туку спадна на 20 отсто поддршка, со прелевање на членовите кон Подемос. Така на пример, Подемос и социјалистите можат да основаат заедничка лева коалициона влада со лидерот на Подемос Пабло Иглесиас. За партијата настаната од уличните протести во 2011 година, ова би биле одлични резултати, а за Европа – патување во земјата на змаевите. 

Одговорот на прашањето како дојдовме до тука, донекаде е содржан во недостатоците вградени во самата структура на ЕУ. Во Британија левицата со право тврди дека „штедењето е политичка одлука‟, но во еврозоната таа е предвидена со Лисабонскиот договор и според правилата на Пактот за стабилност и растот, според кој се казнуваат земји со дефицит поголем од зацртаниот.

Кога во 2010 година во Шпанија пукна балонот на пазарот на недвижнини, се виде дека политичарите од целиот спектар длабоко се навлезени во корупција. Со невработеност од 20 отсто, пад на реалниот доход и млади кои се приморани да ја напуштат земјата, или да прифатат било какви несигурни работни места, незадоволството конечно експлодираше, прво на улиците. Организаторите на протестите во мај 2011 година, дадоа свое „хоризонталистичко‟ решение за замена на корумпираната парламентарна демократија во локалните собранија и гласање темелено на консензус. Тие го критикуваа целиот систем, а не само неговите претставници, свесно избегнувајќи ја поделбата на леви и десни сили.
Гумените куршуми, прогонството на индигнадосите и новите мерки за штедење го внесоа движењето од 2011 година во политиката. Првиот обид – Партијата X 2012, заврши со неуспех и на изборите за Европскиот парламент во мај 2014 година оваа партија освои само 0,64 отсто гласови. Вториот обид во 2014 година беше подобар: Подемос ги привлече младите, но и постарите интелектуалци, уметници и локалните активисти, кои веќе се откажале од бавење со политиката. Подемос освои околу 8 отсто гласови на изборите за Европскиот парламент во мај 2014 година, а кон крајот на минатата година ја презема власта во три големи градови: Мадрди, Барселона и Валенсија, основајќи широки локални коалиции со активистите за човекови права и борба против корупцијата. Сега, по спојувањето со шпанската комунистичка партија, Подемос има добри шанси да биде втора политичка сила во Шпанија, што ќе ги принуди шпанските социјалисти да размислат за коалиција со оваа нова, диманична и силна партија на левицата.

Изборниот слом на социјалдемократите, од Шкотска до Полска, е последица на нивната поддршка на економија на слободен пазар, за која поверуваа дека ќе донесе економски раст и благосостојба за пошироките слоеви на населението. Во годините по 2008, видовме дека тоа е невозможно. Од Матео Ренци во Италија Кези Дугдејл во Шкотска, техно-центристите ширум Европа открија дека личниот шарм и модерниот пристап не можат да ги намалат штетите од идеологијата која произведува нееднаквост и стагнација. Парализата на левиот центар се покажа како најголем предизвик за радикалната левица.
На тој предизвик Грција одговори со претворање на левата партија во „природна партија на власт‟, барем за интернет генерацијата која најмногу изгуби по 2008 година. Тука се јавува проблемот како да се зачуваат радикалните идеи, додека сте заплеткани во мрежата на власта. „Во градовите кои ги контролира левицата‟ ми рече пратеникот на Подемос Пабло Бустинди, „најголема фрустрација предизвикува времето кое е потребно за навистина да се примени некоја одлука на градоначалникот‟. Добродојде во реалниот свет, би му рекол со олеснување некој техно-центрист.

Како и Сириза и Подемос го замрзна своето барање за излез на земјата од НАТО сојузот, така како најголем проблем останува овластувањето на Брисел да покрене кривична постапка против влада која ќе ги укине програмите за штедење и ќе го покрене економскиот раст. „Нема да ја откривам нашата стратегија‟ – објаснува Бустинду, но јасно е дека основата на левата коалиција во Шпанија остро се спротивставува на европската политика за штедење. На прашањето зошто Шпанија во тоа подобро би поминала од Грција, Бустинду укажува на „системски ризик‟. Тој смета дека Шпанија е преголема за некој да се осуди да ја бутне во банкрот. Прашање е дали неговите радикални идеи можат да ги преживеат преговорите за основање на коалиција со левиот центар. Тука е и клучно прашањето дали носителите на промените на левиот центар имаат доволно храброст за тоа.

Лидерот на ПСОЕ Педро Санчез има иста дилема како Ивет Купер пред феноменот Корбина. Социјализмот на левиот центар се уште е во фаза на тврдоглаво порекнување, бидејќи не се соочил со сопствената неспособност и не пружи сериозен одговор зошто оттуѓи голем дел од своите гласачи, прогресивните интелектуалци и работничката класа. Искушението за шпанските социјалисти ќе биде формирање на влада со десницата, во последен обид да ја отфрлат стварноста. Ова би било лошо за европската левица, точка. Европските социјалдемократи треба да порачаат на своите шпански колеги: формирајте коалиција против штедењето и редефинирајте го левиот центар околу нешто подобро од чекање во ред за социјална помош или полициски пендрек. 

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски