Познатиот водител Такер Карлсон од Фокс њуз ги загуби најголемите реклами за помалку од 48 часа

Од:

За помалку од 48 часа, познатиот водител на телевизијата Фокс њуз, Такер Карлсон ги загуби сите поголеми реклами по изнесување на неговите ставови против „анти-расистичките“ протести.

Дизни,T-Mobile“, „SmileDirectClub“, „Papa John’s“, „Jackson Hewitt Tax Service“ и „Vari“ едногласно рекоа дека нема повеќе да се рекламираат во емисијата на телевизиското лице, Такер Карлсон.

Водителот кој рече дека белата супремација во Америка е „измама“ и ги нарече актуелните протести „античка битка меѓу насилници и нормални луѓе“ , во понеделникот изјави дека движењето „Животот на Афроамериканците има значење“, дефинитивно не се работи за нивните животи.

Експертите го толкуваат неговото обраќање како порака до лидерите на Демократската партија на САД и до локалните власти кои „допуштиле такво поведение од демонстрантите“, а не како говор на омраза и расизам.

Карлсон, следната емисија ја посвети да го искаже својот револт кон она што се случувало на улицата „Сезам“, истакнувајќи дека е погрешно да се учи дека афроамериканското население во САД се третира различно, бидејќи како што смета тој, идните генерации тоа може да го сфатат дека Америка е лошо место за живот.

Првата компанија која ја напушти  емисијата на Карлсон беше  „T-Mobile“, а одлуката дојде по реакција од „Твитер“ корисник кој го запраша извршниот директор на глобалната телефонска компанија дали компанијата го подржува ставот на водителот.

Извршниот директор на телефонскиот гигант, Мајк Сиверт, одговори кратко: „Дефинитивно не, збогум Такер Карлсон!“, директорот на компанијата ја заврши пораката со хаштгот кој демонстрантите го користат- #BlackLivesMatter.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски